СЗО: Еболата е најголема здравствена криза на модерното време

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека епидемијата на ебола во Западна Африка е „најтешка, најакутна здравствена криза на модерното време“ и оти економската штета од кризата може да се намали ако луѓето бидат адекватно информирани.

Генералната директорка на СЗО, Маргарет Чан истакна дека 90 проценти од економските трошоци на која било епидемија се резултат од „ирационалните и неорганизирани напори на јавноста за избегнување на заразата“.

Во соопштението од Чан, прочитано на регионалната конференција за здравство во Манила се истакнува дека едукацијата на јавноста за каква било епидемија претставува „добра одбранбена стратегија“.

Од ебола во Западна Африка досега починаа повеќе од 4.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа