СЗО два месеци одбивала да прогласи вонредна состојба поради ебола во Западна Африка

Од:

Внатрешни пораки и документи покажуваат дека Светската здравствена организација (СЗО) два месеци одбивала да прогласи меѓународна тревога поради вирусот ебола во Западна Африка.

СЗО призна дека задоцнила, но касната реакција делумно ја оправдува со изненадувачките карактеристики на епидемијата, за која се тврди дека е најтешката во историјата во која животот го загубија над 10.000 лица.

Документите покажуваат дека службеници на СЗО биле информирани за тешката ситуација во рана фаза и добиле итен повик за помош.

Документите, исто така, покажуваат дека високи функционери доверливо предложиле да биде прогласена вонредна меѓународна состојба поради ширењето на болеста на почетокот на јуни, два месеци пред тоа да биде официјално направено на 8 август.

Највисоките директори сепак се противеле да рано објавување, сметајќи дека тоа може да биде оценето како „непријателски чин“ и да ги наруши економиите на африканските држави и да ги наруши патувањата на муслиманите до Мека во октомври.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа