СЗО: Дури 95 проценти од ПЦР тестовите даваат точен резултат

Од:

Точноста на ПЦР тестовите за новиот коронавирус е околу 95 проценти, изјави претставничката на Светска здравствена организација во Русија, Мелита Вујновиќ.

Таа рече дека ПЦР тестовите се еден од најточните методи за анализа.

– Преку проектот на Фондот за иновативна дијагностика беа анализирани 22 светски системи, сите покажаа точност од 95 отсто, истакна Вујновиќ.

Таа наведе дека голем број фактори влијаат врз резултатите од тестот, како што е од каде се набавени материјалите, како се транспортирани и складирани тестовите, дали е проверен тест-системот во лабораторија или не, како и дали е подготвен пациентот за тестот.

Во исто време специјалниот претставник на СЗО, Дејвид Набаро за Скај Њуз изјави дека новата мутација на Ковид-19, откриена во Велика Британија не претставува поголема опасност за луѓето, иако можеби е позаразна.

– Изгледа дека мутацијата е позаразна, но не изгледа поопасна, посочи Набаро.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски