СЗО: Дополнително се забрзува пандемијата во Европа

Од:

Светска здравствена организација предупредува дека „дополнително е забрзано“ ширењето на пандемијата во Европа, каде минатата недела пријавени се речиси половина од случаите со Ковид-19 во светот.

Во неделниот извештај објавен синоќа, СЗО наведува дека изминатата недела во Европа забележан е пораст од 46 отсто во споредба со претходната недела на смртните случаи од новиот коронавирус.

Пораст на бројот на починати од последици од Ковид-19 е забележан и во Северна и во Јужна Америка, но за два отсто.

Најголем број на новозаразени во Европа регистрирани се во Франција,во Италија и во Велика Британија, додека во Андора, во Чешкаи во Белгија потврдена е највисока стапка на заразеност.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа