Светската здравствена организација денеска во Женева ќе одржи седница, на која ќе донесе одлука за тоа дали ширењето на смртоносниот вирус ебола, претставува глобална закана.
Во состав на комитетот за вонредни состојби ќе бидат вклучени експерти од повеќе држави, кои би можеле да донесат мерки, врз основа на кои би била извршена евакуација на жителите од државите кои се зафатени со вирусот.
Според проценките на СЗО, моменталната епидемија од вирусот ебола е најголема откако болеста е откриена.
Е. Г.