Новите неделни случаи на новиот коронавирус во Европа го надминаа бројот на заразени од пикот во март, соопшти Светската здравствена организација.
Регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге нагласи дека само минатата недела се регистрирани над 300.000 нови инфекции на стариот континент.
– Пред нас е многу сериозна ситуација, рече тој.
Некои европски земји, вклучувајќи ги Обединетото Кралство и Франција, со месеци бележат највисоко ниво на број на дневни инфекции.
Капацитетот за тестирање е зголемен низ цела Европа од почетокот на пандемијата.
Клуге рече дека новите податоци покажуваат и „алармантни стапки на брзо ширење на вирусот низ целиот регион… Бројот на хоспитализирани и смртни случаи се зголемува за првпат, додаде тој.
Додека помладите луѓе – кои имаат помала веројатност да бидат сериозно погодени доколку се заразат – во моментов претставуваат најголем дел од новопријавените случаи со коронавирус, постои загриженост за многу повеќе случаи на компликации кај таа возрасна група доколку вирусот се шири паралелно и во поранливи групи.
Според СЗО, од почетокот на пандемијата има пет милиони потврдени случаи и повеќе од 228 000 смртни случаи низ цела Европа.
Клуге предупреди дека мерките за блокирање воведени пролетта и рано лето дадоа јасни резултати.
– Случаите достигнаа рекордно ниско ниво во јуни, рече тој.
– Сепак, бројот на новозаразени во септември треба да биде повик за будење за сите нас.
Тој истакна дека знаењето за најдобрите начини за контрола на вирусот е подобрено од почетокот на пандемијата во Европа.
Претходно оваа недела, Клуге предупреди дека Европа мора да се подготви за зголемен број смртни случаи од новиот коронавирус во октомври и ноември.
– Ќе биде многу, многу потешко.
Во меѓувреме, Франција регистрираше 10.593 случаи на нови инфекции во последните 24 часа, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата.
Министерот за здравство Оливие Веран призна дека коронавирусот е „повторно многу активен“. Лион и Ница, два од најголемите градови во Франција, добија рок до сабота да предложат нови мерки за борба против епидемиите таму.
Другите земји ги наведоа своите скокови оваа недела:
Откако Шпанија регистрираше 239 нови смртни случаи од коронавирус за еден ден оваа недела, беше откриено дека голем дел од новите инфекции се во главниот град Мадрид, каде властите планираат да најават нови мерки за блокирање.
За првпат, Чешка пријави повеќе од 3.000 дневни случаи. Премиерот на земјата ги повика луѓето да ги следат правилата за да спречат експоненцијално зголемување на инфекциите.
Случаите исто така достигнаа ново највисоко ниво во Холандија, а наскоро се очекува Владата да објави нови строги мерки против коронавирусот.