СЗО: Бројот на новозаразени во светот се стабилизира

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека бројот на нови случаи на коронавирус во светот се стабилизира на 4,5 милиони неделно, по постојаниот раст во изминатите два месеца.

Во неделната проценка на пандемијата, СЗО наведе дека бројот на нови инфекции во Западен Пацифик се зголемил за околу 20 проценти, на целиот американски континент за осум проценти, додека во другите региони низ светот или останал на исто ниво или е намален.

Во САД, Иран, Индија, Велика Британија и Бразил има регистрирано најмногу нови случаи на зараза.

СЗО, исто така, наведува дека околу 68.000 луѓе починале минатата недела како последица на Ковид-19 во светот, а Европа и американскиот континент забележале зголемување на бројот на смртни случаи за околу 10 проценти.

Во извештајот се наведува дека неколку неодамнешни студии покажуваат дека одобрените вакцини продолжуваат да обезбедуваат заштита од сериозни облици на болеста, но дека постојат докази кои покажуваат дека вакцините се помалку ефикасни во заштита од позаразните варијанти на коронавирусот.

Вкупниот број на заразени луѓе во светот до вчера изнесувал 212.357.898 лица, а починати се 4.439.843.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа