Светските лидери се жалат: Само Бајден ќе оди со лимузина на погребот на Кралицата, сите други со автобус

Од:

Светските лидери се жалат откако дознале дека американскиот претседател Џо Бајден на погребот на кралицата Елизабета Втора може да дојде во приватна лимузина, а останатите ќе мора да се стискаат во автобуси.

Навредени и револтирани, бројни странски државници сега бараат ист повластен третман каков што има претседателот Бајден. Како што дознава Политико, дипломати од пет земји, вклучително и некои од групата Г7, побарале исклучоци за нивните лидери, наведувајќи ја како причина возраста или безбедноста.

„Нашиот претседател е среќен да патува со автобус ако тоа му се каже, но има над 80 години. Ако постои начин да се избегне, ќе се обидеме да го обезбедиме“, рече еден дипломат.

Амбасади добиле известувањеод британското Министерство за надворешни работи со информација дека странските лидери ќе бидат превезени со автобуси од западен Лондон до Вестминстерската опатија поради „безбедносни и патни ограничувања“.

Два дена подоцна, британската влада информирашедека Бакингемската палата, била задолжена за логистичките аранжмани за државниот погреб на кралицата Елизабета Втора. Меѓутоа, на прашањето дали се очекува и претседателот Бајден да дојде на погребот со автобус, одговорноста беше префрлена на друго место.

„Тоа е прашање што треба да ѝ го поставите на американската влада. Аранжманите на претседателот, вклучително и начинот на патување, ќе зависат од индивидуалните околности. Упатствата што се дадени се само советодавни“, соопшти Министерството, според Политико.

Амбасадорите го критикуваат британското министерство и тврдат дека не ги разјасниле критериумите според кои на одредени лидери ќе им биде дозволено да го прескокнат заедничкото патување.

Други, пак, сметаат дека шефовите на држави ќе бидат „понижени“ доколку треба да се возат во автобус со лидерите на „помалите“ народи, а некои одат толку апсурдно што тврдат дека таквиот третман ќе им се закани на нивните „машкост“.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Писмо на кралицата Елизабета од 1966 година продадено на аукција во Германија

Ана Ололовска

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он