СВЕТОТ ВО 2019: Епидемијата на сипаници како глобален пораз

Од:

Откако во јануари Светската здравствена организација прогласи епидемија на сипаници, до декември бројот на заразени постојано расте. СЗО на својот сајт објави дека до 5 ноември се регистрирани 413.308 случаи на заразени во 187 држави во светот од каде добиваат податоци.

По децении исклучителен напредок во борбата со сипаниците, бројот стагнира и цифрата на смртни случаи во 2018 година се зголеми.

Се работи за еден од најзаразните вируси што може да се задржи во просторија и два дена по заминувањето на заразеното лице. Тоа предизвика епидемија на пет континенти во 2018 година со „експлозија“ во градови и квартови во кои е премал бројот на вакцинирани лица.

Во пет земји во 2018 година имаше сконцентрирано речиси половина од случаите на зараза: Демократска Република Конго, Либерија, Мадагаскар, Сомалија и Украина, според извештајот на Центарот за контрола и спречување на болести (ЦДЦ).

Но, вирусот брзо се шири.

Од Филипините и Украина, околу стотина луѓе ја донеле инфекцијата во Израел, од каде заразените им ја пренеле болеста на Евреите од Њујорк и придонеле за најголемата епидемија во САД од 1992 година.

Во богатите земји, сипаниците не убиваат или многу ретко, но во Конго тие се двојно повеќе убиствени од еболата и однесоа 5.000 животи оваа година.

Вкупно, 142.000 луѓе починале од сипаници во светот во 2018 година, четирипати помалку отколку во 2000 година, но 15 проценти повеќе отколку во 2017 година.Најголем број се деца под петгодишна возраст.

– Тоа што дете умира од заболување што може да се спречи со вакцини као против сипаници, е колективен неуспех да се заштитат децата во светот, вели д-р Тедрос Аданом Гебрејзус, генерален директор на Светската здравствена организација.

– За да спасиме животи, мора да се погрижиме секој да има корист од вакцините – што значи да се инвестира во имунизација и квалитетна здравствена заштита како право за сите.

Од 2010 година, процентот на светското население што ја прима првата вакцина доза од двете препорачани стагнира на околу 86 проценти, а за да се спречи епидемијата треба да биде 95 отсто.

Стапките на вакцинација на глобално ниво стагнираат речиси една деценија. СЗО и УНИЦЕФ проценуваат дека 86 отсто од децата на глобално ниво ја примиле првата доза вакцини против сипаници преку рутинските услуги за вакцинирање на нивната земја во 2018 година, а помалку од 70 отсто ја примиле втората препорачана доза.

Во Европа, доволно е една заедница да биде недоволно вакцинирана за вирусот, што се случи во холандскиот град Урк, каде што само 60 проценти од населението беше вакцинирано, а во јуни веќе имаше епидемија.

Во Африка, три четвртини од населението е вакцинирано, но тоа подразбира регионални нееднаквости.

Во развиените земји, движењето за недоверба во вакцините придонесе за појава на болеста.

Луѓето заборавија дека пред да се појави вакцината во 1960 година, сипаниците убивале во Њујорк и во Париз. САД речиси и да го загубија оваа година статусот како земја каде е искоренета заразата, освоен во 2000 година кога немаше зараза во одредена географска област 12 последователни месеци.

Велика Британија, Грција, Албанија и Чешката Република го изгубија тој статус во август.

Во текот на 2019 година, двојно е зголемен бројот на зарази со сипаници во Европа.

– Цела деценија не сме напредувале со вакцинирањето да ги спречиме сипаниците, вели Кејт О’Брајан директорка за вакцини во СЗО.

Вирусот на сипаници доведува до драстична анерија (недостаток на енергија) што резултира сo нарушување на системот за одбрана на организмот. Тоа нарушување го отвора патот за компликации почесто од другите трески со осип. Првите компликации се манифестираат како суперинфекции и се манифестираат со воспаление на уво кај деца, болки во грлото и дишните патишта, се спуштаат до белите дробови. Во такви околности, причина за суперинфекција на белите дробови може да биде и бактерија која исто така може да доведе до туберкулоза. Ако се појави пневмонија, смртноста кај децата е меѓу пет и шест проценти. За жал, смртноста е нешто што понекогаш не може да се избегне. Друга сериозна компликација е инфекција на централниот нервен систем. Станува збор за енцефалитис, односно воспаление на мозокот, што е сериозна болест со стапка на смртност до 30 проценти. Од оние што се лекуваат, 50 проценти имаат епилепсија, слепило како најчеста компликација …

Од моментот на инфекција, инкубацијата на морбили трае девет до 11 денови.

Но, сите сознанија не ги загрижуваат родителите собрани во „Партијата сипаници“, која повторно се појави во Њујорк. Тоа се собири на кои мајки и татковци на невакцинирани деца се спојуваат со оние кои веќе имаат сипаници намерно ги заразуваат уште во рана возраст. Поради тоа, експертите предупредуваат дека последиците можат да бидат фатални и велат дека од сипаниците далеку побезбедна е вакцината.

Епицентарот на појавата на сипаници во Њујорк е обележан како заедница на ортодоксни Евреи, а рабините исто така се приклучија на кампањата, велејќи дека дури и Тората ги повикува верниците да се грижат за здравјето. Апсурдно е што Израел е земја во која се вакцинираат дури 97 проценти од децата.

– Постои безбедна, ефективна и прифатлива вакцина против сипаници веќе 50 години, нагласува Кејт О’Брајан, директорка на вакцините на СЗО.

– Епидемиите се вистински колективен пораз.

Африкански регион

Голем број на епидемии на сипаници се појавуваат во неколку земји во регионот. Има епидемија во Мадагаскар и Нигерија иако стапката на нови случаи се намалува, случаи се уште се пријавуваат неделно. Од 17 ноември 2019 година, вкупно 250.270 сомнителни случаи со 5.110 придружни смртни случаи се пријавени од Демократската Република Конго, што претставува зголемување за повеќе од 8.000 случаи во однос на претходната недела. Сите провинции се погодени. Од 13 ноември, Гвинеја соопштила до СЗО за 4.690 сомнителни случаи на сипаници, од кои 1.091 биле потврдени. Во тек се активности за одговор на вакцинирање на епидемии. Од 17 ноември 2019 година, Чад пријавил 25.596 сомнителни случаи во 94 отсто од нивните области; Се планира вакцинирање како одговор на епидемии.

Европски регион

Многу земји во Европа доживеаја големи епидемии во 2019 година. Од 1 јануари до 5 ноември 2019 година, Украина има пријавено 56.802 случаи, а потоа следува Казахстан со 10.126 случаи, Грузија со 3.904 случаи, Руска Федерација со 3.521 случаи, Турција со 2.666 случаи и Киргистан со 2.222 случаи на сипаници. Само четири држави од Европската унија во 2017 година достигнаа потребно ниво на вакцинација од 95 отсто – Шведска, Унгарија. Словачка и Полска. Десет години претходно, таа цел беше исполнета од 14 држави од ЕУ.

Америка

Од 1 јануари до 9 ноември 2019 година, Бразил пријавил 11.887 потврдени случаи на сипаници, со најголем број случаи во Сао Паоло. Во тек е одговор со вакцинирање.

Во исто време, Венецуела пријави 520 случаи на сипаници. Колумбија објави 215 случаи кои, најверојатно, биле стекнати во Венецуела. Во САД се прогласени и две големи епидемии во државата Њујорк; сепак, мали епидемии има се уште во други држави во САД.

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

13-месечното дете од Свети Николе заразено со морбили е во добра здравствена состојба

Ана Ололовска

Мехмедовиќ: Детето со морбили во добра состојба е пуштено на домашно лекување

Институт Батут: Се шири епидемијата на мали сипаници во Смедерево

А1он

Во Црна Гора се очекува епидемија на сипаници

А1он

Црна Гора на прагот на епидемија на сипаници