Институт Батут: Се шири епидемијата на мали сипаници во Смедерево

Од:

Српскиот Институт за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ соопшти дека кај 14 лица во Смедерево се потврдена мали сипаници.

Станува збор за десет невакцинирани лица (под две години) и четири возрасни лица со непознат и нецелосен статус на вакцинација (вработени во здравствена установа, трудници). Кај две заболени деца има компликации во форма на пневмонија, хоспитализирани се две лица. Примените во болница и тие кои се во домашна изолација се во стабилна состојба, се наведува во соопштението од Институтот.

Епидемијата на мали сипаници во Смедерево беше пријавена на 12 јануари годинава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Црна Гора се очекува епидемија на сипаници

А1он

Црна Гора на прагот на епидемија на сипаници

СЗО и ЦДЦ: Сипаниците се непосредна глобална закана

СВЕТОТ ВО 2019: Епидемијата на сипаници како глобален пораз

Ана Ололовска

Прогласен крај на епидемијата на мали сипаници

Ана Ололовска

ИЈЗ: До 3 декември пристигнати 2.215 пријави за мали сипаници

Ана Ололовска