Судот во Москва му одредил притвор на продуцент на Ројтерс

Од:

Судот во Басман во Москва му одредил двомесечен притвор на продуцентот на новинската агенција Ројтерс, Константин Габов, соопшти прес-службата на судовите во главниот град.

„Судот определи мерка превенција во вид на притвор во траење од два месеци, односно до 27 јуни 2024 година. Продуцентот на новинската агенција Ројтерс беше обвинет за сторено кривично дело според дел 2 од член 282.1 од Кривичниот законик на Руската Федерација „Учество во екстремистичка организација““, се вели во судскиот документ објавен на Телеграм.

Габов е осомничен дека учествувал во подготовка на фото и видео материјал за објавување на YouTube каналот NavaljniLIVE, сопственост на Фондацијата за борба против корупцијата (ФБК).

Таа Фондација беше ставена на списокот на странски агенти и екстремистички организации, чии активности се забранети во Русија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва

Спасувачките тимови на мотоцикли ќе почнат да патролираат во Москва

Убиен е полицаец во Москва, негов колега е ранет

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

Русија официјално ја обвини Украина за масакрот во Москва

Уапсен е уште еден осомничен кој учествувал во финансирањето на терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски