Судот на Мјанмар одби да ги ослободи со кауција двајца новинари на британската новинска агенција Ројтерс, обвинети за кршење на Законот за државни тајни. Всушност, новинарите ја истражувале кризата со муслиманското малцинство во Мјанмар, Рохинџите.
– Обединети нации, САД и Европска унија се многу загрижени поради ограничување на слободата на медиумите и покрај тоа што на власт е добитничката на Нобелова награда за мир, Аунг Сан Су Чи, и побараа ослободување на новинарите со кауција, истакна судијата.
Новинарите на Ројтерс, Ва Лон (31) и Кјав Со О (27) уапсени се на 12 декември откако полицијата ги обвини дека дошле до „важни тајни документи“ од двајца полицајци со што го прекршиле Законот, што потекнува од колонијална ера.