Суд во Каракас нареди да се ослободи опозицискиот лидер Антонио Риверо

Од:

Судот во Каракас во петокот нареди да се пушти на слобода генералот во оставка и еден од лидерите на опозицијата Антонио Риверо.

Тој беше приведен на крајот на април, исто така по наредба на судот, пренесоа агенциите. Судските власти го обвинуваат за учество во насилството, што ги следеше претседателските избори на 14 април, што доведе до смртта на девет лица.

-И благодарам на цела Венецуела за солидарноста и поддршката, изјави поранешниот генерал, кој е еден од лидерите на опозициската партија Народна волја.

Риверо, кој беше директор на Цивилната заштита меѓу 2003 и 2008 година, појасни дека ќе направи медицински прегледи заради штрајкот со глад што тој го прогласи во 15 од вкупно 21 дена што ги мина во притвор.

Лидерот на опозицијата Енрике Каприлес, кој загуби на претседателските избори со многу мала разлика во трката со Николас Мадуро во гласањето во април, изрази задоволство од ослободувањето на Риверо.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски