По неочекуваниот удар на сојот омикрон, многумина стравуваат дека повторно ќе се појават нови варијанти на коронавирусот. Ако тоа се случи, се поставува прашањето од каде ќе дојдат овие нови соеви и колку ќе бидат силни. Научниците од Технолошкиот институт „Технион“ во Хаифа го проучувале светот на варијантите на коронавирусот.
Како што е веќе познато, од избивањето на пандемијата на Ковид во 2019 година, се појавија неколку различни варијанти на коронавирусот, при што некои брзо исчезнуваат додека светот сè уште се среќава со некои на дневна основа.
Во изминатите две години, некои истражувачи ширум светот се посветија на разбирање на динамиката на развојот на варијанти на ниво на популација и „поактивни“ варијанти кога станува збор за инфицирање на населението. Студијата спроведена во Tehnion, објавена во списанието PLOS Pathogens, се занимава со коронавирусот од агол од кој научниците досега спровеле малку истражувања. Студијата е фокусирана на развојот на нови варијанти на индивидуално ниво, односно во телото на лице заразено со ковид. Студијата беше водена од д-р Јотам Бар-Он и докторанд Дина Хатиб од Медицинскиот факултет Рапаорт.
Појавата на нови соеви е резултат на случајни мутации и природна селекција. Повеќето мутации не ја менуваат значително способноста на вирусот да преживее и да предизвика инфекција, но некои му даваат значителна предност и затоа стануваат поотпорни и се шират кај популацијата. Во контекст на актуелната пандемија, ова се мутации шилестиот спајк протеин, делот од вирусот што му овозможува да навлезе во нашите клетки.
Многу групи научници работат на истражување на механизмите на развој на нови соеви на коронавирус преку анализа на варијантите и нивната еволуција, главно еволуцијата на шилестиот протеин. Овие студии овозможија многу брзо да се најдат ефективни mRNA вакцини кои во голема мера ја спречуваат пандемијата.
Во новата студија, истражувачите се занимавале со тоа како видовите на вирусот се развиваат во телото на лице заразено со Ковид. Студијата опфаќа период од година и пол и се заснова на експерименталната платформа која д-р Бар-Он почнал да ја развива за време на неговите постдокторски студии. Оваа платформа, која првично беше воспоставена како дел од истражувањето за ХИВ во последните две години, е прилагодена на коронавирусот. Овозможува мапирање на геномот на индивидуален вирус и споредување на различни варијанти кои се развиваат во респираторниот систем. Исто така откриени се и вируси кои се во ткивата во многу мали количини, што оневозможува детектирање на вирусот кај човекот.
Истражувачите откриле различни мутации кои не се вклучени во постоечките бази на податоци, па дури и нова варијанта која претходно не била позната. Тие, исто така, ја испитуваа ефективноста на постоечките вакцини против овие варијанти и откриле дека таа варира во зависност од различните типови на мутации во шилестиот протеин.
Сепак, научниците објавија добра вест. Мутациите во телото на пациентот обично произведуваат варијанти со релативно ниско „лепење“. Со други зборови, овие варијанти можеби нема да можат да се пренесат од човек на човек преку инфекција. Научниците нагласија дека се потребни дополнителни истражувања, но, како што се наведува, досегашните откритија се однесуваат на десет варијанти кои ги истражувале во студијата.
„Веруваме дека нашите наоди би можеле да доведат до идентификување на слабоста на вирусот – механизми кои ја ослабуваат неговата способност да предизвика инфекција – и изнаоѓање нови начини за спречување инфекција. Наодите од студијата, исто така, покажуваат дека анализата на еволуцијата на вирусот на индивидуално ниво помага подобро да се разбере неговиот развој и во пронаоѓањето на потенцијални начини во боробата против вирусот со помош на вакцини и лекови“.