Градоначалничката на Богота, Клаудија Лопез, најави дека од утре една од најголемите урбани населби со 1,5 милиони жители ќе биде под строг карантин, поради постојаното зголемување на бројот на заразени со коронавирусот.
Полицијата и армијата ќе го надгледуваат почитувањето на мерките во населбата Кенеди, од која никој нема да може да излезе освен за купување храна или лекови.
Фабриките ќе бидат затворени, а тестирањето за коронавирусот ќе се удвои.
Во населбата Кенеди се регистрирани речиси 2.500 случаи на коронавирус, а болниците се целосно пополнети.