Страшна несреќа во Индија: Автобус се запали после сообраќајка, загинаа најмалку 25 лица

Од:

Најмалку 25 лица загинаа, а неколку други се повредени кога автобус се запали по судир со мотоцикл во јужната индиска држава Андра Прадеш утрово, соопштија локалните власти. Автобусот се запали на пат во близина на селото Чина Текур во округот Курнол во Андра Прадеш, објави телевизијата Индија.

Според полициското соопштение, автобусот, кој патувал од Хајдерабад до Бенгалуру со 42 патници, се запалил веднаш по судирот.

Спасувачките операции се во тек, а властите изјавија дека точниот број на жртви ќе биде потврден по детална истрага.

Повредените патници се итно префрлени во болница, а постојат стравувања дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми.

Би можело да ве интересира

Трагедија кај Суш: Има загинати и повредени во автобуска несреќа

Најмалку 15 загинати во стравична автобуска несреќа во Египет

Путин: Русија се движи кон крајот на војната во Украина

А1он

Најмалку 10 лица загинаа во автобуска несреќа во Рио де Жанеиро

Тешка сообраќајка во Норвешка, се преврте туристички автобус, има повредени

40 повредени во автобуска несреќа во Чешка