Путин: Русија се движи кон крајот на војната во Украина

Од:

Русија се движи во насока на завршување на украинскиот конфликт, изјави претседателот на Руската Федерација – Владимир Путин, на средбата со индискиот премиер Нарендра Моди на маргините на самитот на ШОС, пренесува „РИА Новости“.

За време на разговорот, шефот на индиската влада, меѓу другото, се осврна и на темата за Украина.

Тој наведе дека е неопходно сите проблеми да се решаваат по мирен пат и повика да се продолжи „во таа насока“.

Моди предложи да се разговара за сите овие прашања и изрази очекувања во пресрет на претстојната посета на Путин на самитот на БРИКС во Њу Делхи во септември.

– Ви благодарам многу, почитуван премиере. Ние се движиме по тој пат – рече Путин по обраќањето на Моди.

Моди истакна дека „Индија се залага сите проблеми да се решаваат по мирен пат, бидејќи тоа е она што му е потребно на целото човештво“.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија е подготвена за војна со Европа!

А1он

Лавров: Ако Зеленски сака да се сретне со Путин, ќе мора да дојде во Москва

А1он

Путин: Илон Маск е вистински гениј!

А1он

„Фајненшел тајмс“: Русија бeше подготвена да се повлече во 2023 година, Зеленски го одби предлогот

А1он

„Путин не е светски лидер, туку воен злосторник“

А1он

Путин: Ќе одговориме на нападите врз рафинериите

А1он