Странци се борат за Украина во Мариупол

Од:

По гранатирање на Мариупол, повторно започнаа да се шират шпекулации дека на украинската страна се борат странски државјани.

„Русија денес“ пренесе дека во извештај на локална телевизија „МСН“ е забележан борец кој зборува течен англиски јазик, без акцент карактеристичен за државите од поранешниот Советски сојуз.

На немонтираниот материјал кој што е снимен во Мариупол во еден момент се појавува војник кој бурно реагира на прашање на новинарката, а за кого „Русија денес“ наведува дека не е украински државјанин.

На другата снимка исто така е прикажан војник кој зборува англиски јазик.

-Можеби експлодирале, а можеби и не вели друг вооружен војник, за кого во описот на снимката се наведува дека е Американец, член на доброволниот баталјон „Азов“, но дека за сега нема докази дека е точно.

Претходно од ДНР е соопштено дека во урнатините на аеродромот во Доњецк е пронајдено многу оружје од американско производство, како и неколку починати борци кои на себе имале униформи на НАТО.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, но има услов за тоа

Загриженост во Киев: Русија најде решение за моќното оружје на Украина

Горан Наумовски

Двајца цивили загинаа во украинскиот ракетен напад на Крим

Во рускиот воздушен напад врз Харков, најмалку 10 лица се ранети

Горан Наумовски

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина