Најмалку 95 лица се повредени денеска при верижен судар на вкупно 56 возила на автопат во близина на градот Мадјанг во централната кинеска провинција Хенан.
Според кинеските медиуми, меѓу возилата учесници во сообраќајната несреќа имало голем број камиони.
Причините за инцидентот засега не се познати. Поради сообраќајката, дошло до застој на сообраќајот на автопатот, што резултирало со создавање на колона возила долга неколку километари.