Стотици лица присуствуваа на погребот на убиената малтешка новинарка

Од:

Стотици лица присуствуваа на денешниот погребот на новинарката Дафне Каруана Галиција, која минатиот месец беше убиена во бомбашки напад.

Државниот врв на Малта, по барање на нејзиното семејство не присуствуваше на полагањето на посмртните останки на Галација. Малтешките претставници наведоа дека тоа било побарано од нив, бидејќи биле „непожелни“.

На 16 октомври Галиција (53) загина во експлозија на автомобил, кратко време откако во својот последен блог ја опиша политичката ситуација на Малта како „очајна“, обвинувајќи ја Владата за корупција.

Инцидентот се случил на само неколку метри од нејзиниот дом кога била активирана експлозивната направа поставена под нејзиниот автомобил.

Локалната полиција наведе дека телото било изгорено до непрепознатливост.

Тогаш, медиумите јавија, дека таа пријавила оти добива закани по живот.

Премиерот на Малта, Џозеф Мускат, кој Галиција го обвини за криминал поврзан со Панамските документи, наведе дека „нема да запре се додека правдата не биде задоволена“.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски