Стоп за муслимански проповедник во Шведска кој се залага за смртна казна со каменување

Од:

Радикалниот муслимански проповедник Хаитам Ал-Хадад, нарекуван „проповедник на омраза“ и познат по своите изјави за Евреите, женското обрежување, хомосексуалците и шеријат законите, е поканет да одржи предавање утре во шведската општина Сигтуна близу Стокхолм, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Ал-Хадад е поканет од страна на здружението Mлади муслимани на Мерста кои на својата фејсбук страница пишуваат дека со големо задоволство го поканиле споменатиот проповедник да одржи предавање, меѓу другото, за „муслиманскиот идентитет и за рамнотежата меѓу Исламскиот шеријат и западното општество“.

Контроверзниот Хаитам Ал-Хадад, кој живее во Велика Британија, многупати досега бил оспоруван, меѓу другото и поради неговата одбрана на казнувањето со каменување при брачно неверство.

– Тоа е еден вид казна која се користи и за жени и за мажи. Не сум рекол дека треба да се користи единствено за жени, така што доколку брачното неверство е извршено од страна на некој маж, тој би требало да биде каменуван до смрт, вели Ал-Хадад во една изјава на Јутјуб.

Предавањето беше планирано да се одржи во просториите на општина Сигтуна, но откако општинското раководство добило информации околу проповедничките активности на Ал-Хадад, одлуката е повлечена и предавањето откажано.

– Таков тип на предавачи и неговите погледи околу, на пример, Евреите и хомосексуалците не се во согалсност со договорот што го имавме во врска со изнајмувањето на нашите простории, вели за Шведската телевизија Ана Јернберг Карлсон, одговорна за контакти со медиумите при општина Сигтуна. 

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност