Столтенберг: Севернокорејската нуклеарна програма е глобална закана и бара глобален одговор

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека нуклеарната програма на Северна Кореја е „глобална закана, па затоа е потребна и глобална реакција“.

Во интервју за Би-Би-Си, Столтенберг изјави дека креирањето на ваквиот одговор го вклучува и НАТО, но одбил да одговори дали при евентуален напад на американската прекуморска територија Гуам, ќе биде предизвика колетивен одговор на Алијансата, во рамките на заедничкиот одбранбен пакт.

Според членот пет од спогодбата за НАТО, секој напад против една земја-членка се смета за напад врз целата Алијанса.

Гуам е остров во Пацификот и територија на САД, а е постојана цел на острата реторика на режимот од Пјонгјанг, дека би можел да биде погоден со некоја од севернокорејските интерконтинентални балистички ракети.

– Не би шпекулирал околу тоа, дали членот пет би се применил и во една ваква ситуација, изјави Столтенберг.

Наместо тоа, напомена дека она врз што сега целосно е вклучена Алијансата, тоа е учеството во обезбедување на едно мирно решение за конфликтот и како да се притисне врз Северна Кореја да ја запре својата нуклеарна програма.

Според Столтенберг, севернокорејските ракетни и нуклеарни проби претставуваат директно насилство врз резолуцијата за безбедност на ОН и закана за меѓународниот мир и стабилност.

НАТО ги осудува ваквите проби, но како воен сојуз не е директно вклучен во дипломатските иницијативи.

САД понудија нова и уште поостра резолуција во Советот за безбедност, со која би се прекинал и последниот извор на приходи за режимот во Пјонгјанг, како и блокада на увозот на нафта, но Русија изрази сомнеж во ефикасноста од натамошни санкции, тврдејќи дека тие досега, немаат постигнато некој поголем ефект.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета