Столтенберг: Русија треба да го повлече сите војници и тешко вооружување од Украина

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека му порачал на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, дека Русија треба да ја повлече цела војска и тешко вооружување од Украина и да ја прекине поддршката за сепаратистите, јави ТАСС.

– Ја разгледавме потребата од транспарентност, особено при засилено присуство по границите. За НАТО е важно да направиме што можеме, за да се избегне излегувањето надвор од контрола на разни инциденти, рече тој.

Според него, ненајавените воени вежби ја намалуваат транспарентноста во близина на нашите граници. Руската страна треба да покаже поголема отвореност во воената активност, за да се избегнат недоразбирања, рече Столтенберг.

Тој, меѓутоа, истакна дека НАТО ги задржува политичките и дипломатски контакти со Русија, како и линиите за воена врска, додаде ТАСС.

Би можело да ве интересира

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина најави Лавров

Реакции од Италија: „НАТО не може да не принуди да убиваме во Русија, Столтенберг да поднесе оставка“

Предраг Петровиќ

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија