Столтенберг: НАТО посилно да се вклучи во борбата против тероризмот

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го осуди денеска терористичкиот напад во Манчестер, истакнувајќи дека очекува Алијансата посилно да се вклучи во борбата против тероризмот.

– На утрешната средба ќе покажаме дека сите сојузници остануваме обединети во борбата против тероризмот во сите негови облици, изјави Столтенберг на прес-конференција пред почетокот на самитот на НАТО.

Тој очекува сите сојузници да дејствуваат повеќе во борбата против тероризмот по „бруталниот напад во Манчестер“.

Во Брисел утре се одржува самит на НАТО на кој се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да побара и Алијансата да се вклучи во меѓународната коалиција против Исламска држава.

Столтенберг нагласи дека влезот на НАТО во таа коалиција нема да значи дека во неа би имал „борбена улога“.

Како што е претходно најавено, на утрешниот самит ќе биде отворено ново седиште на НАТО, иако се уште не е целосно довршено.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата