Столтенберг: НАТО ќе остане во Ирак само додека е добредојден

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг порача дека присуството на Алијансата во Ирак е на покана на ирачката Влада и дека Алијансата целосно го почитува суверенитетот на Багдад.

НАТО е присутен во Ирак со тренинг мисија, но разговара за преземање на дел од задачите на Глобалната коалиција за борба против Исламската држава.

“НАТО е во Ирак на покана на ирачката влада и ќе останеме во Ирак додека сме добредојдени.

НАТО целосно го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак, имавме конструктивна дискусија денеска за иднината на соработката за да не им биде веќе потребна нашата помош, ние заедно се бориме против тероризмот и сакам да им оддадам почит на ирачките граѓани и сили за нивната посветеност и жртва”, изјави генералниот секретар.

На денешниот состанок сите земји членки изразиле согласност за преземање на дел од активностите на Глобалната коалиција.

На дневен ред на денешниот министерски бил и Авганистан, каде присуството на НАТО е значајно намалено во последните години, што за Столтенберг е резултат на зголемениот капацитет на авганистанските власти да ги водат своите безбедносни сили сами.

Столтенберг уште еднаш ги повика Талибанците да седнат на преговарачка маса на конструктивен начин и да се заложат за намалување на насилството.

Генералниот секретар ги поздрави американските напори за мировни преговори со Талибанците, како и предлозите на некои земји членки на НАТО за поддршка на внатрешниот политички дијалог во Авганистан.

НАТО силно го осуди и режимот на Башар Ал Асад на Сирија, кој во последните недели ги засили нападите врз цивилите во Идлиб со помош на Русија.

Го повикуваме режимот на Асад кој има поддршка од Русија да ги стопира нападите врз невини цивили и целосно да се посвети на мировните напори на Обединетите Нации, рече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Нападната е американска воена база во Ирак