[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Парк Ген Хје е првата жена претседател во историјата на Јужна Кореја, а во понеделник ќе стапи на должност.
Таа веднаш по стапување на должност ќе се соочи со предизвици за својата прокламирана политика со помек пристап во односите со Северна Кореја, бидејќи Пјонгјанг изведе подземна нуклеарна проба.
Од Пекинг, Вашингтон, Пјонгјан и Токио ќе се следи дали Ген Хје, ќерката на атникомунистичкиот диктатор Парк Чунг Хија навистина ги спроведува амбициозните политички идеи, да се намали напнатоста и атмосферата на непријателство во односите со Северна Кореја.
Ваквата атмосфера трае пет години, со многу цврстиот став кон севернокомунистичкиот сосед, на досегашниот претседател на Јужна Кореја, конзервативецот Ли Мјунг Бака.
Одлуката на Ген Хје е важна бидејќи веројатно ќе го одреди тонот на широкиот дипломатски пристап, кој го подготвува Вашингтон и останатите држави за да ја убедат Северна Кореја да се откаже од амбицијата со атомска бомба.