Стаорци во Велика Британија мутираат и стануваат отпорни на отров

Од:

Стаорците во Велика Британија мутираат и стануваат отпорни на отровите, предупредуваат научниците.

Истражувањето на универзитетот од Хадерсфилд откриле дека 75% од стаорците во Бристол, Глочестершир и Вилтшир станале отпорни на отрови. Најсериозните мутации се појавуваат во Бат и Вилтшир.

Експертите велат дека ова се должи на неправилната употреба на отровите, односно на малата количина којашто ја користат луѓето. Стаорците се отпорни на отровите, а тие предизвикале и нивно дебелеење, а истите се парат со други глодачи отпорни на отрови.

Поради ова се појавува нова генерација стаорци коишто се отпорни на постоечките отрови.

-Некои компании за справување со штетници се уште ги користат истите пестициди во областите каде што се појави отпорноста. Ќе ги истребиме нормалните стаорци коишто не се отпорни, а ќе останат само отпорните. Затоа не ги користиме овие отрови, вели д-р Даги Кларк, директор на биолошкиот центар при универзитетот во Хадерсфилд.

Експертите за диви животни се загрижени поради ризикот врз други животни, особено врз мачките коишто ловат стаорци.

Енди Бедоус, истребувач на стаорци од Глочестершир, вели дека отровот во стаорците може да се пренесе на други животни како што се птиците грабливки, коишто се хранат со глодачи.

-Птиците коишто јадат глодачи полни со отвор, а отпорни се на него, ќе имаат катастрофални последици, вели тој.

Треба да се испитаат 25 општини во земјата и да се тестираат 600 стаорци, а досега научниците тестираа 300.

Доктор Кларк рече дека стаорците во Глочестершир, Вилтшир и Бат ќе станат сосема отпорни на отрови во рок од 10 години.

Би можело да ве интересира

Серијата апсења низ Англија, тројца мажи се обвинети за шпионажа

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски