Српски државјанин притворен на прашкиот аеродром со над четири килограми хероин

Од:

На прашкиот аеродром „Вацлав Хавел“ чешките цариници минатата недела заплениле над четири килограми хероин кои во куфер се обидел да ги пренесе српски државјанин, јави дописникот на МИА од чешката метропола.

Според царинското одделение на аеродромот, дрогата била сместена во повеќеслојни хартиени пликови и завиткана во африкански текстил кој изгледал како да е спакуван од производителот.

Момчето кое било предадено на полицијата, на чешкиот аеродром допатувало од Уганда преку Амстердам и се претпоставува дека дрогата била наменета за друг пазар. На црниот пазар во Чешка еден грам хероин се продава од 32 до 40 евра.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада