Средба на Трамп со Меркел во Вашингтон: Зајакнување на НАТО и решавање на конфликтот во Украина

Од:

Претседателот на САД Трамп денеска во Вашингтон ја пречека германската канцеларка Ангела Меркел, каде што разговараа за актуелната ситуација во светот и односите во НАТО.

„Многу држави должат големи суми на пари од изминативе години и тоа навистина не е фер во однос на САД. Овие држави мора да го платат тоа што го должат“ изјави Трамп на прес конференцијата по средбата, дискутирајќи за потребата членките на НАТО да го плаќаат својот дел за одбрана.

Тој ѝ се заблагодари на Меркел за ангажманот на Германија и зголемувањето на буџетот за одбрана на Германија. Меркел нагласи дека поддршката од Трамп ја охрабрува и вети дека Германија ќе го зголеми својот придонес во НАТО.

Трамп го пофали придонесот на Германија во Авганистан и борбата против тероризмот, а Меркел се заложи за заедничка соработка во Авганистан и за барање решенија за Сирија и за Ирак.

Кога станува збор за глобални закани, Трамп истакна неопходност да се заштити САД од „радикален исламски тероризам“.

– Имиграцијата е привилегија, а не право и безбедноста на нашите граѓани мора да биде на прво место, нагласи Трамп.

Прес конференцијата помина во пријателски тон и покрај бројните критики од страна на Меркел кон Трамп за време на кампањата за американските претседателски избори, но и критиките на Трамп кон германскиот лидер.

Двајцата лидери се сретнаа за прв пат, а нивната средба беше одложена неколку денови поради невремето кое што ги зафати САД.

Трамп и Меркел разговарале за зајакнување на НАТО алијансата, борбата против Исламска Држави, решавање на конфликтот во Украина, како и сите останати прашања поврзани со блиската соработка помеѓу САД и Германија, соопштија од Белата куќа.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ