Средба на Ангела Меркел со принцот Вилијам

Од:

Британскиот принц Вилијам, кој заедно со сопругата Кетрин „Кејт“ Мидлтон престојува во тридневна посета на Германија, денеска во Берлин се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел.

Вилијам и неговата сопруга, кои имаат официјални титули војвода и војводка од Кембриџ, по средбата имаа приватен ручек со Меркел во седиштето на германската Влада.

Во текот на разговорот, станало збор за состојбите во европската политика, за повеќе глобални прашања и за добротворната работа.

Вилијам и Кејт во Берлин ги посетиле и Бранденбуршката порта и локалниот Музеј на холокаустот.

Предвидено е младата британска кралска двојка да го посети и градот Хајделберг, стар универзитетски центар во Германија, кој е збратимен со британскиот универзитетски град Кембриџ.

Заедно со принцот Вилијам и неговата сопруга, во Германија се и нивните две деца, младиот принц Џорџ и неговата сестра, принцезата Шарлот.

Вилијам, војводата од Кембриџ, е вториот во редот на претендентите на британскиот престол, веднаш по неговиот татко, принцот Чарлс.

Пред Германија, Вилијам и Кејт беа во посета на Полска.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад