Спречен упад на американски воен брод, тензично на руската граница

Од:

Американски воен брод се обиде да ја наруши државната граница на Русија во Јапонското море, но во тоа е спречен од руски воен брод.

Како што се наведува, околу 17 часот по локално време воениот брод на американската воена морнарица, кој веќе неколку денови се наоѓа во Јапонското море, се приближил до територијалните води на Русија и се обидел да ја премине државната граница.

Рускиот брод кој се наоѓал во тоа подрачје по пат на меѓународен канал за врски го предупредил странскиот брод дека таквите постапки се недозволиви. Се истакнува дека американскиот брод исто така бил известен дека се наоѓа на подрачје затворено за пловидба поради артилериски оган во рамките на руско-кинеските вежби „Поморска соработка 2021“, кои се одржуваат од 14 до 17 октомври.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Кина е најголема закана, САД ќе ја поддржат Европа само со нуклеарно одвраќање против Русија

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ