Според шефот на чешката дипломатија, ЕУ „заспала“ за ситуацијата со коронавирусот

Од:

Европските институции требаше побрзо да реагираат за време на пандемијата на коронавирус, оцени денеска министерот за надворешни работи на Чешка Томаш Петричек.

Тој упати критики и до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер лајен, оценувајќи дека таму каде е брзо реагирано, тоа е економија. Таа одобри средства за оштетената европска економија. Мој приоритет е да се осигура нашите граѓани безбедно да се вратат дома, вели тој.

Петричек уште додава, како што пренесува Танјуг, дека во тек се преговори со министрите за надворешни работи и претставници на ЕК, а проблем е што мал број Чеси се надвор од државата, па не е можно да се испрати посебен авион за нив.

– Институциите на ЕУ заспаа за време на пандемијата на коронавирус, оцени чешкиот министер, додавајќи дека во одредени работи не реагирале доволно брзо.

– Сите видовме дека ситуацијата во Италија се влошува. И овде беше соодветно да се преземат заеднички мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот во други делови на Европа. Изјавата на шефицата на Еврокомисијата за рестриктивните мерки на границите на некои држави, не беше баш најсреќна, смета Петричек.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски