Според Сеул мала количина водород можеби била инјектирана за време на тестот, осуда до Пјонгјанг од меѓународната заедница

Од:

Мала количина водород можеби била инјектирана во направата, која денеска ја тестираше Северна Кореја, изјави портпаролот на јужнокорејското Министерство за одбрана.

– Ова ќе го дознаеме по деталните анализи, но претпоставуваме дека мала количина водород можеби била додадена за четвртата нуклеарна проба, изјави Ким Мин-сок.
Јужнокорејското воено разузнавање соопшти дека она што Северна Кореја денеска го тестирала можеби не е хидрогенска бомба.

Јужнокорејската метеоролошка агенција не регистрирала никаква радијација, откако Северна Кореја објави дека извршила успешен тест на хидрогенска бомба.

Јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе изјави дека Сеул ќе преземе решителни мерки против секоја нова провокација од страна на Пјонгјанг. 

Вооружените сили во Јужна Кореја се ставени во состојба на зголемена готовност. 
Жителите на северноисточната кинеска провинција Џилин, која се граничи со Северна Кореја тестот го почувствувале како силен земјотрес. 

Населението се уплашило дека станува збор за земјотрес, откако земјата почнала да се тресе, а мебелот во нивните домови да се поместува.

И пред објавата на Пјогјанг за тестирањето, светските медиуми јавија дека земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала бил регистриран во источниот дел на Северна Кореја.

Јужнокорејската метеоролошка служба соопшти дека има знаци за „вештачки предизвикан земјотрес“ покрај севернокорејски објект за нуклеарни истражувања и оти е многу веројатно дека Северна Кореја извршила нуклеарна проба.

Геолошкиот институт на САД соошти дека земјотресот е на 49 километри од местото, каде во минатото Северна Кореја извршуваше нуклеарни проби, а епицентарот бил со длабочина од десет километри.

Независни кинески експерти го ставаат под сомение тврдењето на Северна Кореја дека тестирала хидрогенска бомба. Тие сметаат дека поголема е веројатноста дека била употребена обична нуклеарна бомба, објави кинескиот портал „Сина“.

Експертите велат дека моќноста на експлозијата при тестот била околу 22 илјади тони тротилов еквивалент. Еквивалентот на моќност на експлозија при тестирање на хидрогенска бомба вообичаено е од неколку стотини илјади до еден милион тротил еквивалент.

Врз основа на досегашните сознанија кинеските експерти сметаат дека денешната проба била налик на таа од 2009 година, а моќноста на оружјето се споредува со атомската бомба, која САД ја фрлија врз Хирошима во 1945 година. 

САД и Велика Британија не можат да потврдат дали Северна Кореја тетирала хидрогенска бомба, но доколку се покаже дека ова е точно, тие го осудуваат тој чин.

– И покрај тоа што не можеме да ги потврдиме тиа тврдења во моментот ние го осудиваме секое нарушување на резолиуцијата на Советот за безбедност на ОН и повторно ја повикуваме Северна Кореја да ги почитува меѓународните задолженија и заложби, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Нед Прајс.

Тој нагласи дека САД ќе продолжат да ја следат ситуацијата и додаде дека САД ќе дадат соодветен одговор на секоја севернокорејска прпвокација.

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд исто така изјави дека не може да се потврди вистинитоста на севернокорејското тврдење.

– Но евентуалното такво тестирање од страна на Северна Кореја би било провокација, која сериозно ја осудувам, додаде тој.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави денеска дека неговата земја цврсто ќе одговори на нарушувањата од страна на Северна Кореја на напорите за неширење на нуклеарното оружје. 

Абе го оцени како закана за национална безбедност евентуалното тестирање на хидрогенска бомба од страна на Пјонгјанг и нагласи дека Јапонија на ниту еден начин не може да ги толерира севернокојреските нуклеарни тестови.

Франција исто така го осуди евентуалното тестирање. Елисејската палата го означи како неприфатливо нарушување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.
 
Француското претседателство повика за силна реакција од страна на меѓународната заедница.

И Австралија остро го осуди наводното тестирање на хидрогенска бомба.

Австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп ги осуди провокациите и опасните активности на режимот на Северна Кореја.
 
Таа повика за зајакнување на санкициите кон изолираната комунистичка држава.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња