Британските спасувачи ги пронајдоа сите 26 деца, кои се изгубиле во Националниот парк Брекон Бејконс во Велс, јави Би-Би-Си.
Пронајдени се сите четири групи ученици, со кои беше загубена врската во планински реон во кој имало густа магла. Децата или веќе се симнати од планината или се на пат тоа да го направат.
Претходно денеска британските власти прогласија тревога откако учениците побарале помош. Имаше опасност децата да се здобијат со смрзнатини, бидејќи во паркот Брекон Бејконс врнел студен пороен дожд.