Во Велс пронајдени тела на две бебиња, уапсени три лица

Од:

Три лица се уапсени откако во куќа во јужен Велс беа пронајдени телата на две бебиња, пишува Гардијан.

Полицајците биле повикани во една куќа во Бриџенд непосредно пред 20 часот во саботата. Двајца мажи на возраст од 37 и 47 години и една 29-годишна жена се уапсени под сомнение дека прикриле раѓање на дете. Тие се во полициски притвор. Истрагата е во тек.

Марк Атвел, од полицијата во Јужен Велс, рече: „Ова е многу вознемирувачко и апелираме до секој што има информации да контактира со нас. Продолжува опсежна истрага и ги охрабруваме сите што имаат информации или загриженост да разговараат со полицијата“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четири бебиња загинаа во пожар во породилиште во Баку

Горан Наумовски

Бизарен случај во Велс: Погребале погрешен човек, грешката на болницата откриена по три недели

Трагедија во Австрија: Количка со две бебиња падна по стрмна падина, едно дете загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пронајдени мртви бебиња во канта за ѓубре, соседите слушнале плачење

Во Франција уапсена жена откако во нејзиниот замрзнувач биле пронајдени две мртви бебиња

Репрезентацијата на Велс го менува името