Создадена вакцина против смртоносниот ротавирус

Од:

Индиските експерти денеска соопштија дека создале евтина вакцина против опасниот ротавирус, кој предизвикува смртоносна дијареја, од која во Индија годишно умираат 100.000 деца.

Вирусот предизвикува дехидрација и тешка дијареја поради што умираат 453.000 деца годишно, а најголема закана пртставува за африканските и азиските деца, на кои не им е достапна итната медицинска помош.

К. Виџарагаван од индиското Одделение за биотехнологија, еден од учесниците во создавањето на новата вакцина, под име „ротавак“, истакна дека таа е производот на меѓународна соработка и дека треба да биде одобрена од индиските здравствени власти.

– Вакцината е подготвена за производство, се применува орално, а ќе чини еден долар по доза. За имунизација против дијарејата потребнио се три дози, истакна Виџарагаван.

„Ротавак“ ќе ја произведува компанијата „Барат бајотек фармасјутикалз“ од Хајдербад.

Ротавирусот е одговорен за 884.000 случаи на хоспитализација во Индија годишно, што земјата ја чини 3,4 милијарди рупии (72 милиони долари).

Би можело да ве интересира

Заразата се шири: Смртоносниот вирус веќе стигна во Европа

Горан Наумовски

Нова опасност се шири низ светот, ја нарекуваат XBB15

Горан Наумовски

„Гардијан“: Во Кина се шири нов вирус, заразени десетици лица

Во Кина откриен нов опасен вирус, досега се пријавени 35 заболени

Катерина Ѓуровски

Во Србија регистриран прв случај на заразено лице со вирусот Западен Нил

Германски вирусолог предупредува на опасноста од нова пандемија

Ана Ололовска