Советот за безбедност на ОН вонредно ќе заседава за ситуацијата во Либија

Од:

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе оддржи вонредна седница посветена на кризата во Либија.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси вчера го повика Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција со која ќе се овозможи меѓународна воена интервенција во Либија.

– Нема друго решение. И притоа треба да се земе предвид дека либискиот народ мора да се согласи на тоа дека делуваме за да ја вратиме безбедноста и стабилноста, рече Сиси во интервју за француското радио „Европа 1“.

На седницата треба да зборуваат египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри и пратеникот на ОН во Либија.

Повеќе од три години по симнувањето од власта и убиството на Моамер ел Гадафи, Либија е преплавена со оружје, а спротивставените фракции се борат за контрола врз клучните градови и огромното нафтено богатство на земјата, што создаде плодно тло за екстремистите на Исламска држава.

Ал Сиси во понеделникот нареди воздушни напади врз камповите и складиштата со оружје на ИД во либискиот град Дерна, неколку часа откако сунитските екстремисти ја објавија грозоморната видео снимка на која маскираните џихадисти на една либиска плажа им ја отсекоа главата на 21 египетски христијанин, наведоа француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство