Советот за безбедност на ОН се уште без договор за резолуцијата за Сирија

Од:

Во разговорите меѓу петте постојани земји-членки на Советот за безбедност на Обединетите нации за нацрт-резолуцијата, со која се предвидува Сирија да се откаже од хемиското оружје, е оставерен напредок, но се уште нема конечен договор, изјави американски претставник.

Како што јави Танјуг, неименуваниот американски претставник изјави дека „работата во однос на постигнувањето договор за резолуцијата за Сирија се уште не е завршена“.

Изјавата доаѓа непосредно откако анонимни дипломати соопштија дека САД, Русија, Франција, Кина и Велика Британија постигнале договор за суштината на резолуцијата. Договорот, според овие дипломати, е постигнат откако министрите за надворешни работи на петте постојани земји членки на Советот за бебзедност на ОН  се сретнаа со Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

Истовремено, руската делегација ги негираше информациите дека е постигнат договор. Агенцијата ИТАР-ТАСС повикувајќи се на извори од руската делегација, објави дека претставниците на Русија се изненадени од информациите дека е постигнат договор за резолуцијата.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Генадиј Гатилов претходно изјави дека договорот за резолуцијата ќе биде најверојатно постигнат во следните два дена.

Западните земји сакаат резолуцијата да предвидува можни санкции, доколку Асад не го исполни ветувањето за предавање и уништување на хемиското оружје, додека Русија се противи на секаков вид закана и преземање акции против Дамаск. Русија и Кина во изминатите 18 месеци трипати ставаа вето на резолуции на Советот за безбедност на ОН што се однесуваат на Сирија и предвидуваат зголемен притисок врз сирискиот режим.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа