Советот за безбедност на ОН го осуди вчерашниот бомбашки напад во Либан

Од:

Советот за безбедност на ОН остро го осуди бомбашкиот напад во еден јужен кварт на Бејрут и Либанците ги повика да се воздржат од секаква интервенција во сириската криза, пренесоа француските медиуми.

Во едногласно усвоената декларација 15-те земји членки на Советот се „подвлекува неопходноста одговорните да бидат изведени пред суд за нивната гнасна постапка“.

„Членовите на Советот за безбедност ги повикуваат сите Либанци да го зачуваат националното единство од обидите да и се наштети на стабилноста на земјата. Важно е сите страни во Либан да се воздржат од секакво мешање во сириската криза“, се наведува во декларацијата.

Најмалку 20 лица вчера беа убиени, а 120 се ранети во најкрвавиот атентат во последнитет три децении во јужен кварт на Бејрут, што е под контрола на вооружената група Хезболах.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, исто така, го осуди атентатот и Либанците ги повика да останат единствени и да ја зачуваат безбедноста и стабилноста на земјата.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска