Советот на Европа повикува на заштита на слободата на информирање

Од:

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс упати повик за заштита на слободата на информирање во земјите-членки на Советот на Европа, јавi дописникот на МИА од Стразбур.

– Денес е потребно многу храброст за да се работи како новинар. Во текот на последните 12 месеци, стотина новинари, фотографи и камермани шорум светот беа убиени, ранети, грабнати или зложени на закани и судски гонења. Европа не е исклучок: забележуваме исти загрижувачки постапки во обид да се ослабе слободата на печатот – постапки против кои треба да се бориме по секоја цена, вели комесарот Мужниекс.

Според него, во секоја демократија која функционира, потребен е слободен, заштитен, независен и плуралистички печат, бидејќи тој придонесува за заштитата на сите други човекови права. Често, благодарејќи на храброста на новинарите се откриваат случаите на дискриминација, корупција, злоупотреба на власта или тортура, смета тој.

– Слободата на печатот е фундаментално човеково право признато во националните законодавства и во меѓународното право, на прво место во Универзалната декларација за човековите права и Европската конвенција за човекови права, која исто така го заштитува и физичкиот интегритет на новинарите, но и покрај ова, Европа не е сигурно место за печатот, нагласува Мужниекс.

Понатаму во своетот обраќање до јавноста, Мужниекс наведува дека полициското насилство насочено кон новинарите претставува најчеста закана за слободата на печатот во Европа. Тука тој го посочува примерот со настаните во паркот Гези во Истанбул, случајот со Ахмет Сик на кој два пати му се судело поради изразени мислења и двапати бил ранет со граната од солзавец истрелана одблиску, што, според Мужниекс, наведува дека тој бил намерно гаѓан.

Комесарот за човекови права не ги заборава случувањата во Украина, каде новинарите беа жртви на демонстрациите. Тој ја наведува и Босна и Херцеговина, каде исто така имаше повредени новинари при демонстрациите во Тузла, како и Шпанија.

Тука е насилството на кое се изложени новинарите од неваладини организации, забалежува Мужникес, наведувајќи го примерот со Италија, каде од 2006 година, па до денес, на различни видови на насилство биле изложени над 1.800 новинари, а само во првите месеци на 2014 година се забележани 150 случаи.

Понатаму, Мужниекс наведува случаи на несигурност на новинарите или неказнивост на оние кои направиле прекршоци кон новинарите, што е еден од проблемите во Црна Гора. Тука тој го наведува нерасчистениот случај со убиството на уредникот и сосптвеникот на „Дан“, Душко Јовановиќ, како и физичкиот напад врз новинарката на истиот весник Лидија Никчевиќ.

Комесарот го наведува и протестот на новинарите од Бугарија во знак на поддршка на новинарката Генка Шикерова од БТВ, чие службено возило беше запалено пред нејизниот дом, откако претходно беше опжарен и нејзиниот приватен автомобил.

Тука е наведено и убиството на новинарот Вјачеслав Беремиј, новинар на весникот „Вести“ од Украина.

Нилс Мижниекс во својот осврт на слободата на информирањето во Европа се осврнува и на судските притисоци врз новинарите. Имено во мнозинството од европските земји клеветата со сите нејзини видови и форми продолжува да биде под надлежност на кривичното право или пак законодавството за борба против тероризмот или државна тајна често служат како средство за „заузудување“ на новинарите.

Во овој дел се наведени случаите со новинарите во Азербејџан, Турција, Руската Федерација, како и случајот со новинарот на „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски, кој за Мужниекс, „како никој друг случај го открива мешањето на политиката во слободата на печатотот“.

Во Италија судското гонење на новинарите, според Мужниекс, е често, како случајот со Франческо Гангеми, осуден на две години затвор на возраст од 79 години, поради клевета и лажно сведочење.

Во Словенија новинарката на „Дело“ Анушка Делиќ беше обвинета откако во 2011 година објави документи кои наводно биле означени како државна тајна. Откако во нејзината истрага посветена на радикални екстремистички групи, откри дека во нивните активности учествувале и припадници на силите на редот и армијата. Таа ризикува три години затворска казна.

Мужниекс посочува и на грчкиот Кривичен законик кој дозволува апсење на новинарите за клевета. Иако полицијата пред да упаси некого за клевета треба да го информира обвинителот, во праксата тоа не е така, вели тоја. Тука е даден случајот со тужбата на еден политичар против повеќе новинари, кога полицијата тргнала со нивно апсење без претходно одобрување, при што уапсила еден новинар од „Елефтерос Типос“, кој следниот ден бил ослободен од притвор со судска одлука.

Во Хрватска законодавството исто така е несоодветно со слободата на печатот. Според новиот Кривичен законик, секое лице, вклучувајќи ги и медиумските работници, може да биде осудено за повредна на честа на друго лице, па дури и кога фактите кои ги пренесува се вистинити. Тоа и се случи на Славица Лукиќ од „Јутарњи лист“, која беше осудена на казна од 4.000  евра, откако откри злоупотреба на јавни фондови од приватна медицинска установа.

На крајот од својот осврт за слободата на печатот, Мужниекс се осврнува и на зоните во конфликт како Крим и Украина.

– Јас можам да наведам и други примери за да го илустрирам алармантното назадување на слободата на печатот во Европа. Ако европските држави сакаат навистина да ја исплонат нивната обврска да ја гарантираат сободата на печатот и безбедноста на новинарите, тие треба да направат радикални промени, заклучува комесарот за човекови права на Советот на Европа.

Тој притоа советува ослободување на сите новинари затворени поради нивните мислења и бришење од регистрите на осудувани на сите случаи во кои пресудата била поради откривање на информации.

Мужниекс бара промена на законодавството, инсистирајќи само на соодветни граѓански казни во случај на клевета, бидејќи ризикот од казна затвор и диспропорционалните парични казни ги принудува новинарите на самоцензура.

Тој бара да биде искоренета практиката на неказнување и водење на ефективни истраги за сите случаи на наслство на кое се изложени новинарите.

Од политичарите се бара систематски да го осудуваат насилството на кое се изложени новинарите и да прифатат поголем степен на критика и јавна контрола и да се воздржат да реагираат со насилство или застрашување.

– Тоа е од големо значење за да му се помогне на печатот да си ја врши слободно својата работа, нагласува Мужниекс.

Тој на крајот само изразува вчудоневиденост што во Европа во 21-от век се уште е потребно да се даваат вакви препораки.

– Но, тоа не треба да обесхрабрува и да ја слабее одлучноста да се брани слободниот печат со заштитување на новинарите и со зачувување на слободата на печатот, ние ќе ја направиме демократијата посилна, завршува комесарот за човекови права на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина