Советникот на Зеленски поднесе оставка поради неговата изјава за цивилите во Днепар

Од:

Алексиј Арестович, еден од советниците на украинскиот претседател Володимир Зеленски, поднесе оставка од функцијата поради неговата изјава за смртта на цивили во Днепар, што предизвика бурни реакции низ Украина.

Арестовиќ во изјава за една телевизија рече дека верува оти украинскиот систем за воздушна одбрана е одговорен за смртта на десетици цивили во Днепар. Имено, тој вели дека ракетата што паднала врз цивилната зграда била резултат на противвоздушна одбрана, поради што проектилот неконтролирано паѓал врз зградата.

Оваа изјава предизвика бура во Украина и доведе до бројни осуди на Арестович. Поради големиот притисок, тој сега поднесе оставка и им се извини на семејствата на жртвите од Днепар.

„Искрено им се извинувам на жртвите и нивните роднини, жителите на Днепар и сите кои беа длабоко повредени од мојата погрешна верзија за причината поради која руската ракета ја погоди станбената зграда“, напиша тој на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина нападна една од најголемите руски рафинерии

(ВИДЕО) Трамп: Украина може да не преживее дури и со американска помош

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Зеленски: Нападот на Добропилија во Доњецк покажува дека целите на Русија не се променети

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела

„Нема да не спречат да ја постигнеме нашата цел во Украина“: Русија одговори на заканите од Трамп со санкции