Состојбата во источна Австрија и натаму тешка

Од:

Состојбата во источна Австрија поради ледениот дожд и натаму е тешка, голем број патишта се затворени, а повеќе стотици домаќинства и натаму се без струја.

Во регионот Валдфиртел, во Долна Австрија, на територијата на општината Цветл поради мразот на далекуводите околу 500 домаќинства се без струја, а вчера уште 2.500 домаќинства беа без електрична енергија.

Со помош на агрегатите успешно е намален бројот на домаќинства без струја, а поправката на дефектот на далекуводите, според соопштението на снабдувачот со струја во овој дел на Австрија „ЕВН“ ќе траат неколку месеци.

Во покраината Долна Австрија голем број патишта поради дебелиот слој на мразот се затворени, а во Горна Австрија и Штаерска повеќе стотици домаќинства останаа без струја, додека во Бургенланд, дел од општината Форхтенштајн, Розалиа е отсечена од остатокот од светот.

Австриската војска од вчера попладне со оклопни возила почна да ги снабдува жителите на Розалиа.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче