Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.410.095 лицa заразени од коронавирус.

Од нив починати се 81.010, а оздравеле 300.739 луѓе.

Италијанската Влада одобри голем пакет мерки за помош на економијата, дури 750 милијарди евра за компаниите и претпријатијата кои поради епидемијата на Ковид-19 го прекинаа производството.

За гаранција на кредитите одобрени се 200 милијарди евра, а истата сума е издвоена и за поттик на извозот, додека 350 милијарди се веќе одобрени за 100 отсто покритие на кредитите до износ од 800 илјади евра на различни фирми.

Шпанија почна со решавање на проблемите со недостигот на земјоделски работници, предизвикан од епидемијата на Ковид-19, така што одобри времено вработување на десетина илјади имигранти или луѓе без работа.

Чешките пратеници одлучија вонредната состојба во земјата да се продолжи до 30 април, што е пократок период од оној кој го побара Владата, во борбата против новиот коронавирус.

Рускиот истражен комитет поднесе кривична пријава за ширење лажни вести на социјалните медиуми дека коронавирусот е создаден во Русија.

Владата на Летонија ја продолжи вонредната состојба во земјата до 12 мај, што и овозможува да спроведе низа мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.

Нови двајца заразени со Ковид-19 во Црна Гора, со што бројот на заболени случаи достигна вкупно 241 лице, соопшти Институтот за јавно здравје.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Италија се зголеми за 604 и сега изнесува вкупно 17.127, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Вкупниот број на заразени во земјата се зголеми за 3.039 и достигна 135.586 заболени лица.

Во Велика Британија бројот на смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа изнесува 786 и достигна вкупно 6.159 лица, соопшти британското Министерство за здравство.

Речиси 60 отсто од 217 патници, од кои многумина од Австралија, Европа и САД, а кои се наоѓаат на крузерот „Грег Мортимер“ покрај брегот на Уругвај, се позитивни на новиот коронавирус.

Ниту еден од патниците кои биле позитивни на Ковид-19 моментално не чувствува треска, соопшти австрискиот бродски оператор „Аурора Експедишнс“, која работи на помош и обезбедување летови за патниците и екипажот до нивните матични земји.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски