Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 768.303 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 36.010, а оздравеле 160.150 луѓе.

Црна Гора – Донесена привремена мерка за заштита на граѓаните – забрана за напшуштање на домовите од 19 до 05 часот. Во викендите од 13 до 05 наутро.

Лондон – Компанијата Џонсон/Џонсон планира тест на експериментална вакцина против Ковид-19 на луѓе до септември и примена од почетокот на 2021 година.

БиХ – Сите лица кои не ги почитуваат новите наредби за самоизолација ќе бидат во – принудна изолација.

Хрватска – Се затвораат постојаните гранични премини за меѓународен поморски сообраќај и се одложува отворањето на сезонските гранични премини.

Британија – Бројот на починати од Ковид-19 денеска се зголеми за 180, вкупниот број жртви сега е 1.408. Досега се регистрирани 22.141 случај на заразени.

Германија – Тестот за кронавирусот за канцеларката Ангела Меркел повторно е негативен, но таа останува да работи од дома.

Шпанија – Шпанската армија спроведува операција за дезинфекција од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски