Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот со коронавирус досега се заразиле 3.611.044 лица.

Од нив починале 250.125, а оздравеле 1.170.500 луѓе.

Во изминатите 24 часа во Велика Британија починаа 288 луѓе, што е најмалку од почетокот на март.

Вкупно досега од Ковид-19 во земјата починале 28.734 луѓе.

Новозаразени се 3.985, а вкупниот број заболени случаи достигнаа 190.584.

Чешката Влада одлучи да ја укине забраната за меѓународни патувања со автобуси и возови.

Таа одлука стапува во сила од 11 мај.

Најголемата канадска провинција Квебек е меѓу најпогодените со коронавирусот.

Покрај тоа, почнува и со постепено придвижување на економијата, премиерот Џастин Трудо повикува на внимателност.

Во Црна Гора нема нови регистрирани случаи на заразени лица со новиот коронавирус, а вкупниот број во земјата останува непроменет – 323.

Во Шведска во последното деноноќие починаа уште 90 лица, а дополнително се заразиле 404.

Со тоа вкупниот број на заболени случаи со Ковид-19 во земјата достигна 22.721, а на починати 2.769.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски