Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.109.734 лица. Од нив починати се 137.066, а оздравеле 526.786 луѓе.

– Ломбардија, најпогодениот италијански регион од Ковид-19 со повеќе од 11.300 починати од вкупно 21.600 смртни случаи во целата земја, сака повторно да ги покрене економските активности на 4 мај, на денот на укинување на мерките за изолација. Во Италија во сила се мерки за изолација од 3 мар со траење до 3 мај.

– Во Србија седум бебиња се заразени со коронавирус. Три бебиња се отпуштени од болница. Според досегашните искуства бебињата имаат благи симптоми или воопшто немаат.

– Во Шведска од вчера починале 130 лица, а се заразиле 613. Во Шведска од Ковид-19 се регистрирани 1.333 смртни случаи, а 12.540 се заразени.

– Во велика Британија потврдени се 861 смртен случај во последните 24 часа, со што вкупниот број на починати се зголеми на 13.729 лица. Во последното деноноќие новозаразени се 4.617, со што вкупниот број се зголеми на 103.093 лица.

– Сите 130 илјади луѓе кои работат или живеат во домови за нега на стари и изнемоштени лица во Австрија ќе бидат тестирани на новиот коронавирус, соопшти министерот за здравство Рудолф Аншубер, оценувајќи дека таму лежи најголемата опасност.

– Русија потврди 3.448 новозаразени лица, па вкупниот број заболени се зголеми на 27.938 лица. Од вчера починаа 34 лица, со што смртниот биланс се зголеми на 232.

– Србија потврди нови 445 случаи на зараза со коронавирус. Вкупно се заразени 5.318 лица. Од вчера починаа четири заболени лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 103 лица. Хоспитализирани се 3.511 лица, а на респиратор се 128 пациенти. Излекувани се 443 граѓани.

– Околу 5,2 милиони Американци останаа без работа во текот на изминатата недела. Од средината на март, работните места ги изгубија 22 милиони државјани на САД.

– Белгија евидентира нови 417 смртни случаи, јави Скај Њуз. Според последните податоци, во земјата досега од Ковид-19 починаа 4.857 лица, а потврдени се 34.809 случаи на зараза.

– Во Шкотска во последното деноноќие од новиот коронавирус починаа уште 80 лица, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи на 779, соопшти премиерката Никола Старџен. Таа додаде дека рестриктивните мерки ќе бидат продолжени за уште три седмици.

– Чилеанскиот писател Луис Сепулведа, кого диктаторот Аугусто Пиноќе го присили на егзил, почина во 70-та година од животот од последници од коронавирусот. Од февруари тој беше хоспитализиран во Овиедо, а се разболел кога се вратил од фестивал во Португалија, соопшти неговата издавачка куќа.

– Плукањето во јавност во индија ќе се казнува парично и со затвор до една година, соопшти денеска Владата, откако со новиот коронавирус се заразија над 12 илјади луѓе. – Вирусот се пренесува со капки и плукањето е опасно, па мора да воведеме построги казни, рече портпаролот на Министерството за семејство.

– Бројот на заразени во Иран се зголеми за 1.606 лица во текот на изминатите 24 часа и достигна 77.995 заразени, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

– Авиокомпанијата Емирати во Дубаи пред летот ги тестира сите патници на коронавирус, јави Си Ен Ен. Од компанијата велат дека први такви брзи тестови се спроведени вчера, во меѓународниот аеродром во Дубаи, а тестирани се патници пред лет за Тунис. Тестирањето го спроведе здравствената управа во Дубаи, а резултатите биле достапни за 10 минути.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски