Состојбата со Ковид-19 во светот до 17 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.025.004 лица. Од нив починати се 128.987, а оздравеле 492.833 луѓе.

– Од вчера во Велика Британија починаа 761 лице, со што вкупниот број смртни случаи од Ковид-19 во таа земја се искачи на 12.868. Бројот на позитивни случаи во последните 24 часа изнесува 4.605, па вкупниот број заразени во Велика Британија се зголеми на 98.476 лица.

– Американската одлука за стопирање на финансирањето на СЗО нанесува удар на меѓународната соработка која е нужна во борбата против пандемијата на коронавирус, предупредија голем број влади и здравствени експерти. Единствена грижа на СЗО е помош при спасувањето животи и ставање крај на пандемијата на Ковид-19, порача на Твитер претседателот на таа агенција на ОН Тедрос Тедрос Адханом Гебрејесус, не спомнувајќи ја американската одлука.

– Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел изрази жалење поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за запирање на финансиската поддршка за СЗО. – Длабоко жалам поради американската одлука за премин на финансирањето на Светската здравствена организација. Нема причина која би го оправдала таквиот чекор, во момент кога помош во сузбивањето на пандемијата на коронавирус е попотребна од кога и да е. Единствено со заеднички сили можеме да ја надминеме оваа криза, која не познава граници, порача Борел преку „Твитер“.

– Велика Британија не планира запирање на финансирањето на СЗО, која има важни улоги во водечкиот глобален здравствен одговор, изјави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

– Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, упати остра критика по одлуката на Трамп. – Една од најдобрите инвестиции во борбата против пандемијата е јакнење на ОН, посебно недоволно финансираното СЗО, на пример за развој и дистрибуција на вакцини и тестови, истакна Маас.

– Руската новинска агенција ТАСС објави дека потегот на Трамп за Москва е „себичен“ и „многу алармантен“.

– Новиот седумгодишен буџет на Европската Унија ќе биде нејзин одговор на коронакризата и ќе мора да послужи како лост за големи инвестиции, чија вредност ќе биде изразена во трилиони, а не милијарди евра, изјави претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен.

– Кони Титчен, 106-годишна жена од Велика Британија, отпуштена е од болница по три недели. Таа заздрави од коронавирусот.

– Србија потврди 408 нови случаи на заразени со коронавирус. Во таа земја вкупно се заразени 4.873 лица. Министерот за здравство, Златибор Лончар, изјави дека во домовите за нега на стари и изнемоштени лица заразени се 234 корисници и 32 вработени. Во Србија хоспитализирани се 3.245 заразени. Во последните 24 часа починале пет лица, со што смртниот биланс од Ковид-19 во Србија се искачи на 99.

– Од вчера до денеска Холандија потврди нови 734 случаи на коронавирус, со што вкупниот број се зголеми на 28.153 лица. Освен тоа, во последните 24 часа починаа 189 лица, а вкупниот број смртни случаи изнесува 3.134 лица.

– Африканската подружница на СЗО ги предупреди граѓаните на тоа дека консумирањето алкохол не штити од коронавирус и потенцира дека 5Г-мрежите не помагаат за ширењето на вирусот.

– Повеќе од милион луѓе се заразени со коронавирус во Европа, што претставува над половина од вкупниот број заразени во светот.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски