Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.539.424 лица заразени со новиот коронавирус.

Од нив починати се 90.011, а оздравеле 340.586 луѓе.

Епидемијата на вирусот Ковид-19 до денеска зафати 209 земји во светот.

Најголем број заразени лица има во Соединетите Американски Држави, вкупно 435.160, потоа следува Шпанија со 152.446, Италија со 139.422, Германија со 113.226, Франција со 112.950, Кина со 81.865 и Иран со 64.586 заразени.

Најголема смртност од последиците на коронавирусот има во Италија – 17.669, во Шпанија – 15.238, во САД – 14.797 и 10.869 смртни случаи во Франција.

Во Хрватска се потврдени 64 нови случаи на заразени со вирусот Ковид-19.

Вкупниот број заразени изнесува 1.407. Уште едно лице почина, така што од почетокот на епидемијата во Хрватска починаа 20 лица. Во меѓувреме, 219 се излекувани.

Петмина починаа, а уште сто се заразени со коронавирус во дом за стари лица во Будимпешта, соопшти главниот медицински претставник Сесилија Милер.

Таа посочи дека унгарските власти изминатите неколку дена предупредувале дека мерките за спречување на ширењето на вирусот се одговорност на организациите што ги водат.

Русија во последните 24 часа бележи рекордно зголемување на бројот на заразени со коронавирус, со 1.459 новозаразени и 13 починати.

Вкупниот број достигна повеќе од 10.000 заразени со Ковид-19 и 76 починати.

Рускиот претседател, Владимир Путин рече дека претстојната недела ќе биде одлучувачка во борбата против ширењето на вирусот.

Во Швајцарија бројот на заразени од коронавирус од 22.789 се зголеми на 23.574 лица, соопшти Службата за јавно здравје.

Бројот на починати се зголеми за 51, така што вкупниот број изнесува 756.

Бројот на новозаразени со коронавирус во Холандија се зголеми за 1.213, така што вкупниот број изнесува 21.762 лица.

Холандскиот Институт за јавно здравје соопшти дека за 24 часа од овој вирус починале 148 лица или досега вкупно 2.396, додека во Јапонија бројот на заразени од коронавирус е зголемен за 384 или вкупно 5.356 лица, а бројот на починати е зголемен за еден, така што вкупниот број изнесува 106 лица

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски