Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.365.065 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 76.488, а оздравеле 293.879 луѓе.

Во текот на изминатите 24 часа во Хрватска се потврдени 60 новозаразени од Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 1.282.

Според новите податоци од Националниот штаб за цивилна заштита во земјата, уште двајца пациенти починале. Вкупниот број смртни случаи од коронавирусот е 18. Меѓу пациентите, 51 процент се мажи, а 49 проценти се жени.

Уште едно лице во Приштина почина од коронавирус, соопшти Клиничко-болничкиот центар во тој град.

Станува збор за 65-годишен пациент од Урошевац, кој бил пренесен во Приштина во тешка состојба.

Во Романија досега се потврдени 4.417 случаи на заразени со коронавирус, од кои 360 во последните 24 часа.

Во земјата има два нови смртни случаи, така што вкупниот број изнесува 184, станува збор за мажи на возраст од 69 и 46 години.

Состојбата на британскиот премиер Борис Џонсон, кој е на интензивна нега, во текот на ноќта беше стабилна, изјави неговиот портпарол.

Тој рече дека Џонсон добил стандардна терапија со кислород и не бил на респиратор.

Во Холандија за еден ден се регистрирани 777 новозаболени со вирусот Ковид-19 со што бројот на заразени достигна 19.580, соопшти холандскиот Институт за здравје.

Во последните 24 часа од новиот коронавирус починале 234 лица, со што вкупниот број починати изнесува 2.101.

Сепак, Институтот посочува дека некои починале во текот на викендот, а биле пријавени вчера.

Германските лаборатории минатата недела обработија 332.414 тестови за коронавирус, што е за 5,9 проценти повеќе од една недела претходно, соопшти денеска Здружението на сертифицирани лаборатории во Германија – АЛМ.

Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Седер истакна дека населението мора да биде подготвено да се соочи со јавните ограничувања до јуни и потоа.

Тој рече дека Баварија има наклонетост кон планот на австриската Влада за намалување на рестриктивните мерки за борба против коронавирусот, но дека развојот во соседната земја е три недели пред Баварија.

Во Шведска се регистрирани 114 смртни случаи од новиот коронавирус, со што вкупниот број жртви на пандемијата во скандинавската земја достигна 591.

Шведска користи помек пристап за да го спречи ширењето на болеста.

Шведската агенција за јавно здравје соопшти дека регистрирала вкупно 7.693 потврдени случаи на Ковид-19 во земјата со околу 10 милиони луѓе, додавајќи дека некои од новопријавените смртни случаи биле поради ревидирани податоци од претходните денови.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски