Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.289.820 лицa заразени со новиот коронавирус.

Од нив починати се 70.625, а оздравеле 272.115 луѓе.

Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопшти дека вкупниот број заразени во земјата изнесува 223 лица, меѓу кои 37 деца.

Најголем број заразени, 53 се на возраст преку 60 години.

Меѓу заразените државата има 119 мажи и 104 жени. На болничко лекување се 37 лица, двајца починати и едно лице е излекувано. Под надзор се наоѓаат 6.644 лица.

Во болниците во Велика Британија бројот на починати од коронавирус е зголемен за 403, на 4.897, соопшти Националната здравствена служба, како што се наведува, 15 од починатите немале други заболувања.

Во Швајцарија вкупниот број заразени од коронавирус, според податоците на „Ворлдмитерс“ достигна до 21.282.

Нови регистрирани случаи се 182.

Истиот извор наведува дека во оваа земја уште 19 лица починале од Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 734 лица., а бројот на пациенти излекувани од овој вирус во Швајцарија е 7.298.

Во Абу Даби, полицискиот час поради епидемијата на коронавирус сè уште трае од 20 часот до шест часот.

Полицискиот час во Обединетите Арапски Емирати беше воведен на 26 март.

Во државата досега се регистрирани 1.799 случаи на заразени со коронавирус, а десет лица починаа.

Во Иран бројот на починати како последица на новиот вирус Ковид-19 достигна 3.739 лица, соопшти Министерството за здравство во Техеран.

Вкупниот број заразени во таа земја е 60.500 лица.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски